19 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Скопјанка на возраст од 61 година се здобила со тешки телесни повреди откако паднала во автобус на јавниот превоз во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, на 18.12.2025 година во СВР Скопје, З.А. од Скопје пријавила дека на 25.11.2025 година, околу 08:45 часот, додека се превезувала како патник во автобус, поради нагло кочење изгубила рамнотежа и паднала. При падот таа се здобила со тешки телесни повреди.
Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и утврдување на околностите на случајот.
Бујар Дардишта уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

