15 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Панчо од дуото ДНК, кој денеска го напушти овој свет, зад себе остави голема празнина кај своите најблиски и обожаватели. Зад неговата харизма и насмевка стоеше живот исполнет со болка, борба и непокорен дух. Неговиот пат не бил лесен – израснал без татко, а единствената потпора во животот му била неговата мајка Каќуша.
Панчо никогаш не го запознал својот татко. Целиот товар на неговото растење го понела мајка му, која, според неговите зборови, давала сè од себе за да го изведе на вистински пат.
„Таа се снаоѓаше да ме изгледа како што знаеше и умееше. Позајмуваше пари од лихвари, многу работеше, само да ме изведе на вистински пат“, изјавил Панчо во една прилика.
И покрај сите тешкотии, Каќуша успеала да го одгледа со љубов и посветеност, што подоцна ќе стане темел на неговиот карактер и животна филозофија.
Во емисијата „Еден на Еден“, Панчо со искреност зборуваше за своето немирно детство. Призна дека бил палаво дете, често бегал од часови, а сестра му Јадранка се обидувала да го вразуми. Еднаш дури и избегал низ прозор само за да избегне карање.
„Можеби само би сакал да бидам помирен, за мојата покојна мајка да беше поспокојна. Иако беше жена-ѕвер, таа беше само самохрана мајка на едно палаво дете кое беше отсекогаш бунтовник без причина, каков што сум и денес,“ рекол тој со насмевка и доза носталгија.
Панчо често зборуваше со топлина за своето маало и луѓето со кои растел. Тие, како што велеше, му ја заменувале татковата фигура што никогаш ја немал.
„Го сакам старото маало и сите луѓе од таму со кои сè уште контактирам. Ми го заменуваа мојот татко кој никогаш го немав, но затоа имав многу татковци кои ми даваа насоки на оваков или онаков начин,“ изјави тој.
Најтешкиот момент во неговиот живот бил кога неговата мајка починала во ноември, пред 11 години, по долга и тешка борба со ракот. Во тие мигови, нејзините деца – Панчо и сестра му Јадранка – биле нејзината најголема сила и поддршка. Таа загуба длабоко го погодила, но тој никогаш не престана да ја слави нејзината сила и љубов.
Панчо останува запаметен не само како дел од популарното дуо ДНК, туку и како човек со големо срце, искреност и човечност. Неговата животна приказна е сведоштво дека и од најтешките околности може да израсне човек со душа, љубов и почит кон оние што го создале.
Нека му е вечна слава.
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
ШОК СНИМКИ: Градоначалник барал бакнежи и жени во скут – јавноста згрозена
Скршена од болка: Сопругата на Панчо од „ДНК“ се прости со емотивна порака
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден