21 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Попладнево во строгиот центар на Скопје се случи тешка сообраќајна несреќа, во која тешко е повреден мотоциклист. Несреќата се случила пред зградата на Собранието на Република Македонија.
Според информациите од терен, веднаш по судирот, повредениот мотоциклист бил пренесен во болница со возило на Итната медицинска помош. На местото на настанот и натаму стојат неговиот мотор и кацигата, кои сведочат за силниот удар и сериозноста на несреќата.
Полицијата изврши увид на лице место, а сообраќајот во овој дел од градот беше привремено ограничен. Од Министерството за внатрешни работи најавија дека повеќе детали за причините и околностите на несреќата ќе бидат соопштени дополнително.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден