македонија31 јануари 2025 Татко ја убил ќерката поради пораки на ТикТок: Семејството се вратило во Пакистан по 25 години во САД
Пакистанската полиција соопшти дека маж кој неодамна го преселил своето семејство од Соединетите Држави во Пакистан, признал дека ја убил својата 15-годишна ќерка во вторникот поради несогласување со нејзината содржина на TikTok.
Инцидентот се случил на улица во градот Квета, во југозападен Пакистан. Таткото, Анвар ул Хак, првично тврдел дека неговата ќерка родена во САД била убиена од неидентификувани напаѓачи. Меѓутоа, тој подоцна признал дека го извршил делото.
Истрагата покажала дека семејството имало забелешки за начинот на облекување на нивната ќерка, начинот на живот и друштвото со кое се гледала, изјави полицискиот истражител Зохаиб Мохсин, пренесе Си-Ен-Ен.
„Го имаме нејзиниот телефон, но тој е заклучен“, рече Мохсин, додавајќи дека ги истражуваат сите аспекти на случајот, вклучително и можноста дека се работи за таканаречено „убиство од чест“.