30 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на опозициската Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, остро реагираше на денешната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека нема да има уставни промени за почеток на преговорите со Европската Унија сè додека не бидат исполнети, како што рече, најмалку два услови – загарантирани права за македонската заедница во Бугарија и гаранција од Европскиот совет дека ова ќе биде последната отстапка и дека нема да следуваат нови билатерални вета.
Преку објава на Фејсбук, Таравари им се обрати на албанските партии од владејачката коалиција ВЛЕН, оценувајќи дека со ваквиот став на премиерот, наместо да се отвораат, патиштата кон Брисел дополнително се „бетонираат“. Според него, времето кое ВЛЕН го користела како алиби за своето учество во Владата е исцрпено.
„(В)ЛЕН конечно беше изложен. Уставни промени нема да има. Ова денеска јавно го потврди премиерот Мицкоски, отфрлајќи ги сите продадени ветувања за ‘безбеден пат кон ЕУ’“, напиша Таравари.
Тој посочи дека евроинтегративниот процес се претвора во бескрајна политичка сага, додека земјата останува заклучена во состојба на изолација, економска несигурност и губење на надежта кај граѓаните. Според Таравари, највисока цена за оваа состојба плаќаат Албанците.
„Албанците ја плаќаат сметката за политичката импотенција на (В)ЛЕН, која ветуваше промени, а во Владата произведува само молчење и потчинување“, наведува лидерот на Алијансата за Албанците.
На крајот од својата порака, Таравари упати директен повик до ВЛЕН да ја напушти, како што ја нарече, удобната позиција на молк и да преземе конкретни чекори.
„Времето на алиби заврши. Времето за акција е сега“, порача Таравари.
Кривична пријава против Марко Беслимовски за штета од над 14 милиони денари
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

