18 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Еден од лидерите на коалицијата АКИ и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, денес оствари значаен и продуктивен состанок со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголо, во просториите на Француската амбасада.
На средбата се разговараше за актуелните политички случувања во земјата и за европскиот курс на државата. Двете страни повторно ја истакнаа клучната важност од спроведувањето на преговарачката рамка со Европската Унија, што ги вклучува и уставните измени, како единствен пат кон отворање на пристапните преговори.
Посебен акцент беше ставен и на претстојните локални избори закажани за 11 јануари. Таравари и амбасадорот Ле Риголо ја подвлекоа неопходноста од обезбедување слободен, фер и транспарентен изборен процес – услов без кој не може да се гарантира демократска стабилност ниту да се зајакне довербата на граѓаните во институциите.
Таравари ја изрази својата висока благодарност за континуираната поддршка што Франција ја дава за реформските процеси во земјата, за унапредувањето на демократијата и за заедничките напори кон евроатлантските интеграции.
Ахмети му честита на Хамза: ПДК е државотворна партија и наследничка на УЧК
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

