03 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, во своето гостување во емисијата „Дебат“ на телевизија Шења, јавно им се извини на албанските граѓани за неисполнетото ветување за промени дадено во 2024 година.
Таравари истакна дека пред изборите во 2024 година им ветиле на Албанците во Македонија вистинска промена. Сепак, според него, по 20 месеци владеење на ВЛЕН, резултатите не ги оправдале очекувањата на граѓаните.
„Ние во 2024 година им ветивме на албанските граѓани во Македонија дека ќе донесеме промени. Доколку ова што се случува по овие 20 месеци владеење на ВЛЕН се смета за промена, тогаш јавно сакам да им се извинам на сите Албанци, затоа што ги разочаравме. Ова не беше промена, туку големо разочарување, односно сериозна дискредитација и деградација на целокупниот статус на Албанците во Македонија“, изјави Таравари.
Тој додаде дека чувствува одговорност за создадената ситуација и нагласи дека очекувањата на граѓаните биле многу поголеми од постигнатото во изминатиот период.
Со оваа изјава, Таравари испрати порака на самокритика и признавање на политичката одговорност за, како што оцени, неуспешното реализирање на најавените промени.
Ќе достигне ли златото 6000 долари за тројунција? Кои се условите за такво сценарио?
Благојче Атанасоски: Македонија секојдневно живее во деветтиот круг на пеколот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

