03 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, реагираше по завршувањето на вториот круг од локалните избори, изразувајќи благодарност до сите поддржувачи и кандидатите на коалицијата „Национална алијанса за интеграција“ за, како што рече, чесна и достоинствена изборна трка, пренесува „ТетоваСот“.
„Сакам да им честитам на сите наши кандидати за нивната изборна борба. Како и тие, им се придружувам во честитките до сите кандидати кои победија,“ напиша Таравари.
Тој нагласи дека иако коалицијата НAИ добила повеќе народни гласови, тоа не се одразило во бројот на освоени општини. „Очигледно, изборот на некои кандидати требаше подобро да се промисли во одредени општини. Сепак, во Гостивар и Врапчиште погодивме во цел – таму сме победници, а таа победа не е само локална, туку и победа против држава што нè држи во заложништво со пописот,“ истакна тој.
Во продолжение, Таравари направи анализа на постизборната состојба, нагласувајќи дека емоциите од моментот не дозволуваат трезвено расудување. „Ова се моменти на радост за победниците, тешки мигови за оние што не успеаја, мигови на гнев за оние што беа предадени и смешни моменти за некои Дон Кихотовци кои се приклучија кон победничката страна само затоа што издадоа,“ напиша тој.
На крајот, Таравари остави отворено прашање за размислување: „Со вчерашните резултати, дали Албанците навистина победија? Дури и за оние што не го знаат одговорот, времето ќе покаже – за жал, многу брзо.“
Назим Рашиди: Време е ВЛЕН да покаже транспарентност, а ДУИ да се реформира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

