30 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во своето сведочење пред судот емотивно ги опиша односите меѓу нејзината ќерка и обвинетиот Стојанче Јовановски, почнувајќи од почетокот на нивниот брак па сè до критичниот настан.
Стојановска посочи дека уште од раните години на заедничкиот живот постоеле знаци на нарушени односи и насилство. Таа сведочеше дека кај нејзината ќерка забележувала модринки и траги од физичко малтретирање, но најголемиот дел од информациите за случувањата во домот ги добивала преку својата шестгодишна внука Катја.
„Катја ми раскажуваше што се случува дома. Ми велеше: ‘Бабо, јас ќе ти кажам, ама да не кажуваш на никого, мама чучна долу и тато ја шутираше’. Тоа беа моменти што ме потресоа како мајка и баба“, изјави Стојановска.
Таа додаде дека детето често користело навредливи зборови кои, според неа, ги слушало од таткото, упатени кон Ивана. „Катја ги повторуваше тие зборови, што јасно укажуваше на атмосферата во домот“, рече таа.
Според сведочењето, на почетокот од бракот, Ивана и Стојанче живееле под кирија, а финансиската поддршка доаѓала и од нејзината мајка. Во тој период, Стојанче работел како доставувач на храна, додека Ивана била вработена во „Масимо Дути“.
Стојановска истакна дека нејзината ќерка постојано живеела во страв дека може да ѝ биде одземено старателството над малолетната Катја. Таа нагласи дека токму преку нејзина помош, обвинетиот подоцна се вработил во пожарната служба.
Мајката сведочеше и за конкретен инцидент за време на новогодишните празници, кога подготвила храна и подароци за ќерката и внуката. Според неа, Стојанче ги фрлил во контејнер и започнал да вика пред зградата, што дополнително ја потврдило нестабилната ситуација во семејството.
Случајот продолжува да се разгледува пред надлежниот суд, а сведочењата на блиските лица даваат подлабок увид во односите и наводите за семејно насилство.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

