05 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Со болка и солзи, Тања Стојанова од Кавадарци раскажува за трагичната смрт на нејзиниот тригодишен син Блаже, кој почина во нејзините раце додека заедно патувале кон Скопје, откако, како што вели, во кавадаречката болница му била ускратена соодветна здравствена помош.
Семејната драма започнала пред два дена, кога малиот Блаже – дете со Даунов синдром и здравствени предизвици – покажал знаци на влошување. "Се разбудив ноќта и видов дека ја исплукал цуцлата, а со неа и крв. Беше истоштен и без енергија", раскажува Тања. Веднаш заедно со сопругот Томе го однеле во болницата во Кавадарци, надевајќи се на итен медицински третман.
Но, според тврдењата на родителите, лекарската проценка не одразувала сериозноста на состојбата. "Го прегледаа со слушалка, дрвено стапче и му измерија температура. Ни рекоа дека е 'добар'. Побаравме упат за Скопје и ни дадоа, но кога побаравме санитетско возило, ни кажаа дека нема основ да ни издадат. Ни рекоа да се снаоѓаме, можело и со автобус", сведочи мајката.
Без избор, семејството следното утро нашло превоз и тргнало кон главниот град. Но, на патот – пред наплатната рампа за Скопје – малиот Блаже починал. "Ми умре на раце", низ солзи раскажува Тања.
Во разговор за „Слободен печат“, родителите истакнаа дека докторката, чиј идентитет го знаат, не ја проценила сериозноста на симптомите – особено фактот дека детето исплукало крв – и не наредила ниту елементарно снимање за да се утврди изворот на крвавењето.
„Кога стигнав на Детска клиника во Скопје со мртовото дете во рацете, сестрите се крстеа. Како е можно да не ни дадат санитет, туку да не пуштат сами да се снаоѓаме?“ – прашува мајката, посочувајќи на болниот апсурд на системот.
Од Детската клиника во Скопје потврдуваат дека детето било донесено без знаци на живот, по што полицијата ја презела постапката, а по наредба на обвинителството е извршена и обдукција.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) веќе најави вонредна контрола и во кавадаречката болница и на Детската клиника, за да се утврди дали има пропусти во постапувањето.
Родителите апелираат за правда. Бараат адвокати кои ќе ги застапуваат без надомест и се надеваат дека институциите конечно ќе го слушнат нивниот глас.
"Моето дете имаше право на живот, имаше право на третман. Барам казна и правда – нека не се повтори ова на ниедна мајка", порачува Тања Стојанова.