03 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Националното студентско тело достави барање до Министерството за образование и наука за зголемување на субвенционираниот студентски оброк од 140 на 150 денари дневно, почнувајќи од 2026 година. Според студентите, ова усогласување е законска обврска и треба да се направи пред усвојувањето на државниот буџет за следната година.
Студентите укажуваат дека со покачувањето ќе се олесни финансискиот товар на младите кои студираат и ќе се создадат подобри услови за нивното образование. Тие потсетуваат дека според законот, субвенцијата треба да се усогласува еднаш годишно, по завршување на фискалната година, а пред носење на новиот буџет.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска истакна дека засега не може да гарантира зголемување на износот, бидејќи тоа зависи од државниот буџет и од евентуалниот ребаланс.
Студентите за првпат почнаа да добиваат средства за оброк во 2020 година. Во 2023 година, Собранието изгласа измени на Законот за студентски оброк, со кои се предвиде износот да се зголемува согласно инфлацијата. Така, првичниот износ од 120 денари беше покачен на 140 денари. Новото барање за покачување на 150 денари е продолжение на оваа пракса, со цел субвенцијата да ја следи реалната економска состојба.
Македонската младина сака европска иднина: 69% поддржуваат членство во ЕУ
Две години затвор за Љамалари поради напад врз градоначалничката Арсовска
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден