27 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Странска разузнавачка служба од соседна држава пред повеќе од една година ја известила Агенцијата за национална безбедност (АНБ) дека на поранешниот вицепремиер Артан Груби му се заканува ликвидација од лице со криминално минато, објави ТВ 24.
Според информациите, разузнавачките сознанија биле навремено проследени од АНБ до Министерството за внатрешни работи (МВР), а потоа и до Основното јавно обвинителство (ОЈО). По приемот на информациите, институциите презеле соодветни мерки и изготвиле службени белешки, кои сега се користат како аргумент во постапката за определување мерка притвор.
Клучен елемент во барањето на обвинителот Даниел Коцев за определување домашен притвор за Груби се токму три службени белешки изготвени од МВР. Овие документи, кои по автоматизам биле доставени до ОЈО, се наведуваат како доказ дека постои реална закана по неговата безбедност доколку биде сместен во притворска установа.
Од МВР потврдуваат дека сите релевантни сознанија биле споделени со обвинителството, но посочуваат дека не вршеле проценка за тоа каде осомничениот би бил побезбеден. Во меѓувреме, директорот на затворот во Шутка, Бобан Утковски, изјавил дека од установата не била побарана безбедносна проценка во врска со можниот престој на Груби во притвор.
Од Обвинителството информираа дека мерката куќен притвор со 24-часовен надзор претставува соодветно решение во ситуации кога, врз основа на информации добиени од МВР и АНБ, не може да се гарантира безбедноста на осомничениот во притвор. Според нив, целта на оваа мерка е да се обезбеди присуство на осомничениот во постапката, без да се доведе во прашање неговата лична безбедност.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

