19 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ за четврток, 25 декември, со почеток во 18 часот, најави блокада пред Цементарата „Усје“, повикувајќи ги граѓаните на масовен протестен собир. Пораката на организаторите е јасна: „Воздухот во Скопје нема да се исчисти сам“.
Како што информираат од иницијативата, повод за протестот се податоците на меѓународната платформа Climate TRACE, според кои Цементарата „Усје“ е идентификувана како еден од најголемите извори на загадување со ПМ2.5 честички. Според оваа анализа, фабриката е рангирана меѓу првите 10 проценти емитери на ПМ2.5 честички на глобално ниво.
Од „Стоп за Усје“ посочуваат дека апликацијата Climate TRACE, која користи вештачка интелигенција, сателитско следење и моделирање на индустриски емисии, прикажува јасни облаци од ПМ2.5 честички кои се движат директно кон Скопје. Според нив, ова укажува на сериозно и директно влијание врз квалитетот на воздухот што го дишат граѓаните на главниот град.
Иницијативата дополнително алармира дека во македонската регулатива сè уште не е утврден дневен лимит за концентрациите на ПМ2.5 честичките, иако тие се значително поштетни по здравјето во споредба со ПМ10. За ПМ10 честичките, согласно правилникот на Министерството за животна средина, дозволено е надминување на граничните вредности најмногу 35 дена во текот на една календарска година.
Од „Стоп за Усје“ потсетуваат и на препораките на Светската здравствена организација (СЗО), според кои, доколку дневните дозволени вредности за ПМ10 или ПМ2.5 честичките се надминат повеќе од три до четири дена годишно, воздухот се смета за потенцијално штетен за здравјето на луѓето. Состојба која, како што велат, во Скопје се јавува далеку почесто од препорачаното.
Со најавената блокада, иницијативата бара поголема институционална одговорност, построги регулативи и итни мерки за заштита на јавното здравје, истакнувајќи дека загадувањето на воздухот останува еден од најсериозните проблеми со кои се соочуваат граѓаните на Скопје.
Бујар Дардишта уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

