26 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во последните десет години, Северна Македонија се соочува со континуиран пад на вкупниот број на население, но демографските трендови не се исти кај сите етнички заедници. Додека кај македонското население се бележи значителен негативен природен прираст, албанската заедница продолжува да остварува позитивен демографски биланс.
На државно ниво, регистрирани се 16.061 раѓање и 20.201 смртни случаи, што резултира со негативен природен прираст. Сепак, анализата според етничка припадност открива длабоки разлики меѓу двете најголеми заедници во земјата.
Кај македонското население се евидентирани 6.841 раѓање и 14.760 смртни случаи, што значи негативен биланс од –7.919 лица. Наспроти тоа, кај албанското население се забележани 5.473 раѓања и 3.309 смртни случаи, со позитивен биланс од +2.164 лица.
Статистичките податоци покажуваат дека кај Македонците на секои 100 новороденчиња има околу 216 смртни случаи, што укажува на изразено стареење на населението и континуирано опаѓање на наталитетот. Кај Албанците, пак, на секои 100 раѓања има околу 60 смртни случаи, што овозможува одржување на позитивен природен прираст, и покрај значителната емиграција.
Податоците по општини дополнително ги нагласуваат разликите:
Аналитичарите предупредуваат дека овие демографски промени ќе имаат директно влијание врз образовниот систем, пазарот на трудот, пензискиот систем, како и врз политичките и економските односи во земјата во наредните децении.
Во минатото, државата спроведуваше политики за поттикнување на наталитетот, како месечни финансиски надоместоци за трето и четврто дете, но тие мерки не дадоа значајни резултати. Во последно време, повторно се најавува фокус на нови демографски политики, вклучувајќи олеснувања за купување стан за млади брачни парови, со цел да се одговори на причините поради кои младите сè поретко стапуваат во брак и подоцна формираат семејства.
Во јавноста предизвика реакции и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски, кој, како тест на јавното мислење, изнесе идеја за оданочување на самците – предлог што наиде на остри критики и поделени реакции.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

