17 мај 2025
• од Вардарски
Британскиот премиер Кир Стармер го пренасочува својот план за справување со илегалната имиграција кон нови партнери на Балканот, откако доживеа дипломатски неуспех во Албанија. Имено, премиерот Еди Рама го одби предлогот Велика Британија да депортира мигранти што не добиле азил на британска територија во Албанија. Сега, британските медиуми наведуваат дека Македонија е една од земјите кои влегуваат во игра како потенцијален партнер.
Според британските извештаи, покрај Македонија, на списокот се и Србија и Босна и Херцеговина. Лондон веќе најави проширување на својата работна група за миграција во Македонија, што дополнително го засилува сомнежот дека се водат подготвителни активности.
Целта на овој план е да се воспостават „трети земји“ во кои ќе се испраќаат азиланти кои ја изгубиле битката за добивање престој во Британија, но продолжуваат да се борат да останат преку административни жалби или преку семејни врски. Бројот на нелегални преминувања преку Ла Манш е во пораст, со над 12.000 мигранти пристигнати само оваа година, што го прави прашањето за имиграцијата едно од најгорливите во британската јавност.
Стармер ја посети Тирана со надеж дека ќе ја приклучи Британија кон сличниот договор што Албанија веќе го има со Италија, но Рама ја отфрли таа опција со образложение дека земјата останува лојална на веќе постоечкиот договор со Рим.
„Повеќе земји нè прашале дали сме отворени за нови договори, но ние одговоривме негативно“, рече албанскиот премиер, објаснувајќи ја позицијата на неговата влада по средбата со Стармер.
И покрај одбивањето, британскиот премиер најави дека плановите продолжуваат. Тој истакна дека депортирањето во трети земји нема да го реши целосно проблемот со илегалната имиграција, но може да спречи злоупотреби на системот за азил.
Сè уште не е познато дали македонските власти се подготвени на соработка или ќе го одбијат планот, како што тоа го направи Албанија. Но, зголеменото британско присуство во регионот сугерира дека може да се очекуваат нови дипломатски потези и можеби наскоро – и официјални понуди.
Зголемени плати и нови инвестиции во големо државно фабричко претпријатие во Бугарија
Расчистен случајот со пукањето во Тетово – лишени од слобода двајца малолетници