10 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со силен раст, а најновиот извештај на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) за периодот октомври – декември 2025 година го потврдува трендот на зголемена активност и рекордни цени.
Според податоците, во последниот квартал од 2025 година се регистрирани вкупно 9.283 трансакции со недвижности, што е за околу 1.000 повеќе во споредба со претходниот квартал. Овој пораст укажува на засилена побарувачка, особено во урбаните центри.
Најскапата трансакција во овој период е реализирана во општина Центар, која и натаму останува најатрактивната локација за купување недвижности. Стан со површина од 83 квадратни метри е продаден за 246.171 евро, што значи цена од околу 2.960 евра, односно 182.404 денари по квадратен метар. Ова е една од највисоките регистрирани цени на станбениот пазар досега.
Податоците покажуваат јасна концентрација на активноста во неколку општини и градови:
Извештајот укажува и на силно раздвоен пазар на недвижности низ државата. Најактивни се општините Центар со 812 трансакции, Аеродром со 645 и Штип со 634 трансакции за само три месеци.
Од друга страна, во дури 41 општина пазарот речиси стагнира, со помалку од 50 трансакции во истиот период. Најпасивна е општина Пласница, каде се регистрирани само четири зделки.
Покрај купопродажбите, значително е зголемена и активноста кај закупите. Регистрирани се 3.053 договори за рентање, што е за 869 повеќе од претходниот квартал. Најбарани се становите и деловните простори, особено во поголемите градови.
Според податоците на Народната банка, цените на недвижностите на годишно ниво пораснале за дури 25 проценти, продолжувајќи го силниот тренд на поскапување кој беше присутен во текот на целата 2025 година. Овие бројки дополнително ја потврдуваат загриженоста за достапноста на домувањето, но и високата атрактивност на недвижностите како инвестиција.
Филипче: СДСМ повторно го поднесува законот, 600 евра минимална плата сега
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

