11 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Војната и растот на цената на нафтата дополнително го зголемуваат стравот од ново поскапување на производите во маркетите, кои и онака веќе се скапи. Според пресметките, едно четиричлено семејство за да помине само еден ден во месецот со основни прехранбени производи има потреба од повеќе од 1200 денари.
Доколку во семејството има деца, потребни се дополнителни средства за училишни обврски, активности или забава, со што дневните трошоци може да надминат и 1500 денари. Ова за телевизијата Алсат го изјави Љупчо Радовски од Сојузот на синдикати.
„Ако се земе предвид како се движат цените на прехранбените производи, ќе видиме дека за една година некои артикли се зголемени од 30–40 до 50 проценти. Сега, поради кризата со нафтата, се очекува уште едно зголемување. Според цените што ги знам како потрошувач, едно четиричлено семејство има потреба од околу 1000 до 1200 денари дневно за да обезбеди скромна трпеза“, изјави Радовски.
Дел од граѓаните се жалат дека цените постојано растат, додека други велат дека не забележале значително ново поскапување.
Еден граѓанин вели дека со пензија некако успеваат да се снајдат, но додава дека за едно или четиричлено семејство кое живее само од пензија, животот станува многу тежок поради високите цени. Други граѓани пак велат дека цените растат речиси секој ден, додека има и такви кои сметаат дека понекогаш се менуваат без јасна логика.
Според пресметките на Сојузот на синдикати, едно четиричлено семејство има потреба од повеќе од 67.000 денари месечно за да ги покрие основните трошоци. Доколку семејството живее во изнајмен стан, тогаш потребната сума се зголемува на повеќе од 82.000 денари месечно.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

