24 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Повеќе од две третини од работниците во земјава примаат плата која е под или околу просечната, покажуваат најновите податоци што ги објави претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов. Тој предупредува дека честото истакнување на растот на просечната плата од страна на политичарите создава искривена слика за реалната економска состојба на мнозинството граѓани.
„Следниот пат кога политичар ќе се фали со растот на просечната плата, се фали со фактот што една третина од работниците имаат плата под 30.000 денари, а две третини од работниците имаат плата под просечната плата“, порача Трендафилов преку социјалните мрежи.
Според објавените бројки, распределбата на платите јасно укажува на значителна нерамномерност:
Вкупно 503.031 работници се евидентирани како приматели на плата според податоците од МПИН.
Овие бројки значат дека над 350 илјади работници, односно огромното мнозинство, живеат со примања кои се под или на нивото на просечната плата. Според ССМ, тоа укажува дека растот на просечната плата не се чувствува еднакво кај сите граѓани и не ја отсликува вистинската куповна моќ на работниците.
Трендафилов нагласува дека ваквата статистика треба да се анализира подлабоко, бидејќи просекот како индикатор може да ја прикрие реалната состојба – дека најголем дел од вработените се соочуваат со ниски приходи и ограничени можности за покривање на основните животни трошоци.
Податоците се базираат на информации од Управата за јавни приходи за бројот на вработени и исплатените нето плати по платни прагови за декември 2025 година.
Бугарија влегува во елитата на европскиот мотоспорт со нова тест-писта за Формула 1
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

