26 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Среде бел ден, во самиот центар на Скопје, непознат сторител физички нападнал и ограбил пензионерка. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 октомври 2025 година околу 14:30 часот, на подрачјето на општина Центар, лице со употреба на физичка сила ѝ го одзело личниот накит на 68-годишната Г.К. од Скопје.
Жената веднаш по настанот го пријавила случајот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, каде што изјавила дека нападот се случил ненадејно, додека се движела низ централното градско подрачје.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителот.
Овој инцидент повторно го отвора прашањето за безбедноста на граѓаните во централните градски подрачја, особено во дневните часови, кога улиците се полни со луѓе.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

