14 јуни 2025
• од Станча Јаќимовски
Паркингот зад здравствениот дом во Штип, место каде секојдневно циркулираат пациенти, амбулантни возила и медицински персонал, деновиве е претворен во дива депонија. Граѓаните алармираат за опасност од сериозни повреди и здравствени ризици, бидејќи во непосредна близина на амбулантата се натрупани купишта скршено стакло, градежен шут, кабли и друг отпад.
Фотографиите доставени до нашата редакција ја откриваат алармантната слика: стаклени панели се потпрени до ‘рѓосана метална ограда, делови од стакло се скршени и расфрлани на патеката, а целата површина е преполна со кабли, дрвени штици, метални отпадоци и ѓубре. Сето тоа се наоѓа буквално на чекор од амбулантното возило и паркираните автомобили, што ја прави ситуацијата уште поопасна.
Иако е јасно дека дел од отпадот потекнува од градежни активности, останува нејасно зошто истиот не е соодветно отстранет и зошто општинските служби и раководството на здравствениот дом не презеле мерки.
Оваа ситуација не само што претставува ризик за телесни повреди, туку е и срам за институцијата која треба да биде симбол на грижа за здравјето и безбедноста на граѓаните.
Ги повикуваме надлежните од ЈП „Исар“, Општина Штип и раководството на Здравствениот дом – итно да го исчистат просторот и да постават заштита околу објектот. Без одложување.
Здравствените установи не смеат да бидат опкружени со отпад – особено не со стакло, метал и шут. Граѓаните заслужуваат хигиенска и безбедна околина при секоја посета на лекар.