Сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претежно во западните делови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме.
Долж Повардарието и во источните делови ќе дува засилен северен ветер. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер.