МАКЕДОНИЈА

Софија ужива во добро кафе за 2 евра, Скопје ги дере граѓаните со 150 денари за еспресо

04 јули 2025

• од Станча Јаќимовски

По укинувањето на владините антикризни мерки, цените на угостителските услуги и прехранбените производи повторно пораснаа, но тие не ја одразуваат реалната економска состојба на граѓаните, предупредуваат од синдикатите.

Претседателот на Синдикатот на работниците од угостителството, туризмот, комунално-станбеното стопанство, занаетчиството и заштитните друштва на Македонија (СУТКОЗ), Стојанче Кашиковски, смета дека цената од 150 денари за едно еспресо во Скопје е апсолутно нереална и недостапна за најголемиот дел од граѓаните.

„За жал, сведоци сме на поскапувања на прехранбените производи, кафето и другите угостителски услуги по завршувањето на владините мерки. Тоа го потврдуваат и податоците на Државниот завод за статистика, кој измери инфлација од 3,3% во периодот мај–април. Синдикалната потрошувачка кошничка, исто така, порасна. Цените не ја одразуваат економската состојба на нашите работници и граѓани, кои реално не можат да си дозволат кафе на плоштад,“ изјави Кашиковски.

Тој истакна и дека ниските плати во секторите угостителство и туризам се главната причина што многу македонски работници се одлучуваат да заминат во соседните земји или во членки на Европската Унија, каде што можат да заработат повеќе.

„Нашите работодавачи постојано алармираат за недостиг на кадар, а причината е едноставна — ниски плати. Луѓето секојдневно заминуваат во Хрватска, Словенија или во соседството, каде што имаат подобри услови за работа и плата,“ додаде Кашиковски.

Во рамки на настанот на кој се потпиша Меморандум за соработка со синдикални партнери од Италија, Бугарија и Малта, синдикалниот претставник од Бугарија, Јордан Јорданов, посочи дека цената на еспресото во Софија е околу две евра, што според него е прифатливо во споредба со цените во македонските кафулиња.

„Во центарот на Софија, за две евра ќе добиете навистина добро кафе,“ рече Јорданов, споредувајќи го стандардот на граѓаните во двете држави.

Овој тренд уште еднаш го отвора прашањето за реалните трошоци на живот и одржливоста на работните места во угостителството и туризмот, сектори кои се клучни за економијата, но сè уште недоволно вреднувани.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

GoFundMe icon

© 2025. Сите права запазени