01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Смртта на притвореникот Мирсад Пушка во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари повторно ја отвори јавната дебата за условите во македонските казнено-поправни установи и за здравствената заштита на лицата лишени од слобода.
Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, Пушка побарал медицинска помош непосредно пред смртта, а лекарите во затворот се обиделе да го реанимираат. Наспроти ова, семејството тврди дека тој со месеци бил лишен од потребната терапија за неговите сериозни заболувања, меѓу кои и канцер.
Адвокатот и роднина на починатиот, Асмир Алиспахиќ, излезе со остри критики кон системот, обвинувајќи дека затворите не обезбедуваат ни основни услови за живот, а уште помалку соодветен медицински третман за тешко болните.
Директорот на КПУ „Скопје“, Бобан Утковски, изјави дека Пушка редовно бил носен на медицински прегледи, но дека никогаш не бил хоспитализиран. Од Кривичниот суд пак, потврдија дека располагаат со податоци за дел од неговите дијагнози, но не и за канцер. Дополнително, токму ден пред смртта бил поднесен предлог за измена на мерката притвор.
Мирсад Пушка беше обвинет во предметот „Синдром“, кој се однесува на злоупотреби при издавање инвалидски пензии. Иако правниот процес против него сè уште траеше, неговата ненадејна смрт го отвори прашањето: дали државата може да гарантира човекови услови за живот и здравствена заштита за најранливите категории – дури и кога станува збор за лица обвинети за кривични дела?
Овој случај претставува аларм за институциите и за целото општество. Тој повторно укажува на потребата од сериозни реформи во системот на казнено-поправните установи, со цел обезбедување на минимум стандарди за хуман третман, како и одговорност за животите што се наоѓаат под државна грижа.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден