11 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во Скопје е пријавен случај на семејно насилство во кој жртва е маж, информираат од Министерството за внатрешни работи. Иако статистиките покажуваат дека во најголемиот број случаи жртви на семејно насилство се жени, полицијата регистрирала и инцидент во кој настрадал сопруг.
Според информациите од МВР, вчера околу 11:00 часот во СВР Скопје пријава поднел 46-годишен маж. Тој изјавил дека истиот ден околу 07:00 часот, во нивниот дом на подрачјето на општина Центар, бил физички нападнат од неговата 37-годишна сопруга.
Како што навел во пријавата, сопругата го нападнала со тврди предмети, при што му нанела повреди.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. По завршување на постапката, против инволвираните лица ќе следува соодветна пријава.
Надлежните институции апелираат дека семејното насилство, без разлика на полот на жртвата, е сериозен проблем кој мора да се пријавува и соодветно да се санкционира.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

