25 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Скопјанец бил жртва на насилен грабеж кој се случил вчера попладне на подрачјето на скопската општина Аеродром.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 февруари 2026 година во 17:45 часот во СВР Скопје, Е.Б. (49) од Скопје пријавил дека бил нападнат од едно лице кое со употреба на физичка сила му го одзело паричникот. Во паричникот имало пари и лични документи.
Од полицијата информираат дека по пријавата веднаш се преземени мерки и активности за расчистување на случајот и идентификување на сторителот.
Истрагата е во тек.
Прв ден без прекршок за поминување на црвено од стартот на „Безбеден град“
Бугарија меѓу водечките дестинации за германски инвестиции во Југоисточна Европа
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

