02 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Македонија повторно е потресена од шокантен настан кој ја разголува мрачната реалност во која живееме. На само неколку метри од детска градинка во срцето на Скопје, 19-годишно момче од Гевгелија беше фатено со 100 најлонски кеси полни марихуана, подготвени за продажба. Наместо иднина, младите во земјава сѐ повеќе избираат пат кон криминалот, а дрогата станува секојдневие и пред портите на воспитно-образовните институции.
Сцената изгледала како сцена од црна хроника: осомничениот, кога ја забележал полицијата, се обидел да побегне и дрогата ја фрлил во двор на ненаселена куќа, токму во близина на градинка. Дали утре некој од тие најлончиња ќе заврши во рацете на дете? Полицијата успеала да ја обезбеди дрогата, но прашањето останува – колку слични случаи не се откриени?
Ова не е изолиран инцидент. Секојдневно сме сведоци на тоа како младите луѓе, наместо надеж и напредок, завршуваат во мрежите на нарко-светот. Македонија тоне во безнадежност – институциите немаат сила да ги спречат дилерите, а училиштата и градинките се претвораат во потенцијални сцени на криминал.
Осомничениот давал отпор, се обидувал да избега, но бил совладан. Обвинителството побарало притвор поради опасност од бегство и повторување на делото. Но дали само затворањето на еден 19-годишник ќе ја реши оваа општествена катастрофа? Додека некој го фрла својот живот во криминал, целата земја останува заробена во страв и апатија.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден