TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Скандал во гинекологијата: Сомнителна смрт на новороденче и прикривање на случајот од семејството

16 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Новороденче кое имало реални шанси за живот починало на 1 октомври годинава на Одделот за интензивна нега при Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје. На семејството, смртта им била претставена како неизбежна, но интерни документи до кои имал пристап весникот „Слободен печат“ укажуваат на сериозни сомнежи за несоодветен медицински третман кој довел до фатален исход.

Според документацијата, раководителката на Одделот за интензивна нега, прим. д-р, супспецијалист Елизабета Петковска, поднела официјална пријава против педијатерката д-р Емилија Бадева, наведувајќи дека „несоодветен третман од нејзина страна предизвикал компликации од кои починало новороденчето“.

Непријавување на случајот до надлежните институции

По добивањето на пријавата, директорката на Клиниката, д-р Ирена Алексиовска Папестиев, ја отстранила д-р Бадева од дежурства во интензивната нега и ја прераспределила на оддел каде не се вршат реинтубации, по нејзино лично барање. И покрај сериозноста на наводите, во период од два месеца директорката не го пријавила случајот ниту до Министерството за здравство, ниту до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, ниту до Јавното обвинителство.

Семејството не било информирано

Редакцијата на „Слободен печат“ пред објавувањето на сторијата имала, како што наведуваат, етичка обврска да го информира семејството на починатото бебе за постоењето на интерна кореспонденција и сомнежи за пропусти во третманот – информации кои воопшто не им биле соопштени при отпуштањето на мајката од болница.

„По смртта на нашиот син, една специјализантка ни кажа да не го оставаме случајот, бидејќи нешто не било во ред со третманот на ГАК“, изјавил таткото на бебето.

Реинтубација која траела 20 минути

Иако меѓународни протоколи предвидуваат дека реинтубација кај предвремено родено бебе треба да се изврши во рок од 30 секунди, во конкретниот случај, според пријавата на раководителката на одделот, постапката траела дури 20 минути.

Во тој период, според официјалниот допис од прим. д-р Петковска, дошло до оштетување на ларинксот, појава на поткожна емфизема во пределот на вратот и масивен десностран пневмоторакс. И покрај поставувањето на торакален дрен и дополнителна медикаментозна терапија, состојбата на бебето се влошила и завршила со смрт.

Несоодветна документација и сведоштва

Во потврдата издадена на родителите и во барањето за обдукција биле наведени неточни податоци за здравствената состојба на бебето. Бил споменат „спонтан пневмоторакс“, без да се евидентираат обидите за долготрајна и неуспешна реинтубација како директна причина за компликациите и смртта.

Две специјализантки, присутни за време на интервенцијата, дале писмени изјави во кои потврдуваат дека имало повеќекратни, неуспешни обиди за реинтубација во траење од околу 20 минути и дека лекарот не ги прифатил нивните сугестии постапката да се прекине.

Податоци за бебето и наодите на Комисијата за квалитет

Станувало збор за новороденче со тежина од 2.630 грама, родено во 36-та гестациска недела со царски рез. Бебето било примено во интензивна нега поради респираторен дистрес, при што биле исклучени срцеви мани и патолошки срцеви ритми.

Случајот бил разгледуван од Внатрешната комисија за квалитет на Клиниката, која одржала две седници. На седницата од 28 октомври 2025 година било нотирано дека дел од вработените изјавиле оти д-р Бадева често доаѓала на работа со мирис на алкохол, поради што било препорачано нејзино прераспределување и зголемен надзор. Сепак, поради законски ограничувања, тестирање за алкохол не било можно.

Комисијата исто така утврдила дека во документацијата доставена до родителите биле внесени неточни податоци и дека бил прикриен фактот за продолжената реинтубација.

Негирање на обвиненијата и неизвесна обдукција

Д-р Бадева ги негира обвиненијата за консумација на алкохол, нарекувајќи ги клевета и мобинг. Таа тврди дека бебето било во тешка состојба и дека не направила пропусти, додавајќи дека реинтубацијата траела пократко од 20 минути и дека била „блиску до успех“.

Обдукцијата на новороденчето, два месеца по смртта, сè уште не е завршена, што, според објаснувањата, е вообичаено поради недостиг на патолози.

Од Клиниката за гинекологија и акушерство за „Слободен печат“ изјавиле дека категорично ги отфрлаат наводите, нагласувајќи дека Комисијата за квалитет не утврдила неправилности во третманот и дека годинава е забележано намалување на смртноста кај новороденчињата, при што официјалните податоци ги објавува Државниот завод за статистика.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски спроведуваат сценарио за партизација на правдата

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Турски државјанин пријавен за физички напад врз вработен во скопски хотел

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Љупчо Коцевски поднесе оставка поради, како што вели, притисоци врз обвинителството

СВЕТ
16 декември 2025

Уште еден бугарски доброволец загина на фронтот во Украина

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Скопје трет најзагаден град во светот - 16 декември 2025

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Филипче: Не сакаме Македонија да биде депонија за мигранти

СВЕТ
16 декември 2025

Последните два авиона F-16 Block 70 слетаа на бугарска територија

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Започнува годишната заверка на билетите за бесплатен јавен превоз за пензионерите во Скопје

СВЕТ
16 декември 2025

Бугарија ќе бара средства од ЕУ поради руската закана

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Студенти по информатика од Универзитетот во Тетово го освоија првото место на национален хакатон

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Радеска: Прикривање и молк за смртта на новороденче – директорката на ГАК мора веднаш да поднесе оставка

СВЕТ
16 декември 2025

Мерц до Путин: Прекинете ги нападите врз Украина барем за Божиќ

СВЕТ
16 декември 2025

Lockheed Martin го заврши производството на бугарските F-16 Block 70

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Актуелно: Се подготвува ли нова Југославија? Како и кој го приближува Скопје кон „Српскиот свет“

СВЕТ
16 декември 2025

Бугарија издвојува околу 27 милиони евра за проширување и безбедност на метрото во Софија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
16 декември 2025

Тројца жители од Мала Преспа успешно оперирани во Бугарија по бесплатни превентивни прегледи

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

ОЈО Скопје отвори предмет за „Зимзоленд“: Се испитува можна општа опасност

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Мицкоски тврди дека го ‘вратил името’, но Уставот и Преспанскиот договор остануваат непроменети

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

Филипче: СДСМ интензивно работи на разоткривање на корупциските скандали на Владата на ВМРО-ДПМНЕ

МАКЕДОНИЈА
16 декември 2025

И оваа година без огномет за Нова година на плоштадот во Скопје

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
16 декември 2025

Георг Георгиев: ЕУ треба да бара дополнителни средства за Украина и преку меѓународни партнери

ДРУГО
16 декември 2025

Денес го празнуваме Светиот пророк Софониј

МАКЕДОНИЈА
15 декември 2025

Стадо вредно еден милион евра со години шета низ Кривопаланечко – државата без решение

СПОРТ
15 декември 2025

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад по натпреварот со Еурофарм Пелистер

МАКЕДОНИЈА
15 декември 2025

Средношколци протестираат пред СВР Тетово поради лажни дојави за бомби

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
15 декември 2025

Отец Јани Мулев: Во велешко жени биле силувани од бајач кај кого оделе за да добијат деца

МАКЕДОНИЈА
15 декември 2025

По Нова година ќе биде познато дали ќе им се суди на полицајците осомничени за трагедијата во Кочани

СВЕТ
15 декември 2025

Во Бугарија секој четврти пензионер ќе добие божиќен додаток

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега