TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Синдикатот на професионални војници алармира за лоши услови во касарните по појавата на шуга во Велес

09 февруари 2026

• од Станча Јаќимовски

По информацијата дека кај двајца новопримени професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес е констатирана шуга, со јавна реакција излезе Независниот синдикат на професионални војници. Од синдикатот предупредуваат дека случајот е резултат на, како што наведуваат, сериозно нарушени услови за живот и работа во воените објекти низ државата.

Според нив, инцидентот во велешката касарна не е изолиран, туку претставува дел од подолгогодишен проблем кој, како што тврдат, и претходно се појавувал, но не добивал соодветно јавно и медиумско внимание.

Во соопштението на синдикатот се наведува дека професионалните војници се соочуваат со несоодветни услови за сместување. Како конкретни примери се посочуваат стара и необновена постелнина, перници и ќебиња, простории со влага и појава на инсекти, како и нереновирани санитарни јазли. Дополнително, се укажува на, според нив, нехигиенски услови при сервирање на храната, стар прибор за јадење и недоволен квалитет и разновидност на оброците.

Од синдикатот тврдат и дека во одредени касарни со години постојат проблеми со електричната енергија и со техничката вода, што директно влијае врз здравјето и достоинството на војниците.

Претседателот на синдикатот, Александар Насковски, изјави дека военото раководство, како и досегашните министри за одбрана, не покажале доволна грижа за условите во кои престојуваат професионалните војници. Според него, приоритетно се инвестира во реновирање на простории наменети за офицерски кадар, додека објектите во кои живеат и работат војниците остануваат во лоша состојба.

Синдикатот смета дека со зголемувањето на буџетот за одбраната, во согласност со обврските кон НАТО, фокусот треба да биде ставен на подобрување на условите за работа и грижа за човечкиот фактор, а не исклучиво на набавка на воена опрема.

Во реакцијата се упатуваат и критики до министерот за одбрана, Владо Мисајловски, со обвинувања за изостанат социјален дијалог и игнорирање на барањата на професионалните војници. Како дополнителни проблеми се наведуваат немањето зголемување на платите во изминатите три години поради законски измени, појави на дискриминација и мобинг, како и зголемен одлив на стручен кадар од Армијата.

Од синдикатот најавуваат дека и во иднина ќе продолжат јавно да информираат за состојбите во Армијата и да бараат подобрување на условите за работа.

Претходно, од Армијата и Министерството за одбрана соопштија дека двајца професионални војници од касарната во Велес се заразени со шуга и дека тие се дел од групата од 296 нови војници кои положија свечена заклетва на 16 јануари.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
09 февруари 2026

Застрашувачка инфлација: Листата на најскапи намирници во 2025 ќе ве остави без зборови

МАКЕДОНИЈА
09 февруари 2026

Настава во една смена – цел, но сè уште предизвик за многу училишта

МАКЕДОНИЈА
09 февруари 2026

Хорор во Скопје: Жена нападната од глутница кучиња додека трчала покрај Вардар

МАКЕДОНИЈА
09 февруари 2026

Плата под минималец? Што би донело кратење од 80% за функционерите

СВЕТ
09 февруари 2026

Сибиха: Само Трамп може да ја запре војната во Украина

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
09 февруари 2026

Села бара оставка од Филков: Правосудниот испит да се полага на албански јазик

МАКЕДОНИЈА
09 февруари 2026

СДСМ: Владата на Мицкоски ги изигра работниците

МАКЕДОНИЈА
09 февруари 2026

Пијан маж од Свети Николе им се заканувал со нож на своите синови

ДРУГО
09 февруари 2026

Денеска 9 февруари 2026 се празнува Пренос на моштите на свети Јован Златоуст

МАКЕДОНИЈА
08 февруари 2026

Спиропали го пофали Мицкоски за уставен и одговорен однос кон јазичните права на Албанците во Северна Македонија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СПОРТ
08 февруари 2026

Бугарија со силен настап и борбен дух на Зимските олимписки игри во Милано – Кортина

СПОРТ
08 февруари 2026

20 години подоцна: Бугарија повторно со олимписки медал благодарение на Тервел Замфиров

МАКЕДОНИЈА
08 февруари 2026

Седум македонски камионџии со „црн печат“ во пасошите поради новите шенгенски правила

МАКЕДОНИЈА
08 февруари 2026

Драгана Спасовска: Ме викаа Татарка – тоа ми беше булинг

СВЕТ
08 февруари 2026

Георг Георгиев: Членството во ОЕЦД е стратешки избор за иднината на Бугарија

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
08 февруари 2026

Заев реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ: Ќе ја бранам честа со сите правни средства

МАКЕДОНИЈА
08 февруари 2026

Фрчкоски: Власта ја турка Македонија во изолација, младите масовно се иселуваат

МАКЕДОНИЈА
08 февруари 2026

ССМ најави блокада пред Собранието во вторник: „Ќе ги спречиме пратениците да наплатат енормни патни трошоци“

СВЕТ
08 февруари 2026

Бугарија четврта во ЕУ по раст на приходите на домаќинствата во изминатата деценија

МАКЕДОНИЈА
08 февруари 2026

Фрчкоски: Оправдано е барањето за 600 евра минимална плата, пари во Буџетот има

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
08 февруари 2026

Бугарија изгради 75-метарска суперјахта во Варна

МАКЕДОНИЈА
08 февруари 2026

СДСМ: Во ВМРО сè се врти околу еден човек – денес тоа е Мицкоски, „малиот Вучиќ“

СВЕТ
08 февруари 2026

Радиостаница на бугарски јазик наскоро во јужна Молдавија

ДРУГО
08 февруари 2026

Денес 8 февруари 2026 ги славиме светите Ксенофонт, Марија, Јован и Аркадиј

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

Скопјанец осомничен дека ја оштетил фирмата каде работел за речиси три милиони денари

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

СДСМ: Како 5 тони дрога поминала граница и кој ќе одговара ако била незаконски произведена

МАКЕДОНИЈА
07 февруари 2026

С. Македонија меѓу земјите со најниска куповна моќ во Европа

СВЕТ
07 февруари 2026

Бугарија на чекор до членство во ОИСР

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега