16 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во Тетово синоќа се случил тежок инцидент во кој, според информациите, учествувал син на командир во Полициската станица Тетово. Нападот резултирал со тешки телесни повреди кај 42-годишен маж кој бил итно пренесен на скопските клиники.
Според сведоци, инцидентот се случил во вечерните часови кога Ф.Д. (27) од Тетово, наводно, го нападнал А.К. (42), кој работел во тобако продавница. Напаѓачот со стаклено шише го удрил оштетениот по глава, по што, како што тврдат очевидците, жртвата била фрлена во ископана дупка кај градежен објект. Од ударите и падот, А.К. се здобил со скршеници на нозете и сериозни повреди на главата.
Од Секторот за внатрешни работи Тетово го потврдија настанот.
„На 15.10.2025 во 05:20 часот, на крстосницата меѓу улиците ‘Благоја Тоска’ и ‘Борис Кидрич’ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Ф.Д. (27) од Тетово, постапувајќи по пријава дека физички го нападнал А.К. (42) од Тетово. Оштетениот е пронајден со повреди во ископана дупка кај објект во изградба и поради сериозноста на повредите е пренесен во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ во Скопје“, стои во официјалното соопштение.
Напаѓачот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Според неофицијални информации, случајот предизвикал големо внимание во Тетово бидејќи осомничениот е син на висок полициски функционер. Надлежните институции најавија дека ќе се спроведе целосна и независна истрага за утврдување на околностите под кои дошло до нападот.
Само што ни тргна: „Трансавиа“ ги укинува летовите меѓу Скопје и Амстердам
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден