македонија08 октомври 2024 Сиљановска Давкова на состанок на Процесот Брдо-Бриони во Црна Гора
Претседателката Сиљановска-Давкова е во дводневна работна посета на Црна Гора. Учествува на Состанокот на лидерите на земјите од Процесот Брдо-Бриони.
Годинава, во фокусот на средбата се прашањата поврзани со младите и младинските политики, потребата од поголемо регионално поврзување, одржливиот развој и заштита на животната средина, како и прашања од заеднички интерес за земјите од Западен Балкан.
Процесот Брдо-Бриони почна во 2013-та година по иницијатива на Словенија и Хрватска, со крајна цел – интеграција на земјите од Западен Балкан во Европската унија.