06 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Никој не сака да инвестира во држава во која премиерот прикажува лажен економски раст, додека во реалноста економијата тоне. Ова го истакна потпретседателката на СДСМ, Каја Шукова, на денешната прес-конференција, обвинувајќи ја актуелната влада дека цела година нема реализирано ниту една вистинска економска реформа.
„БДП-то расте само на хартија, додека граѓаните осиромашуваат“, рече Шукова, предупредувајќи дека Македонија се наоѓа меѓу трите најслаби економии во Европа по раст на продуктивноста и индустриското производство. Таа оцени дека ВМРО-ДПМНЕ ја турка земјата назад, без јасна стратегија и без капацитет за економски развој.
Како доказ за слабите економски резултати, Шукова го посочи и новиот ребаланс на буџетот, кој според неа е потврда дека економијата пропаѓа, а државата се соочува со институционален и економски колапс.
„Последните податоци на Народната банка се поразителни и ја демантираат владата, која упорно сака да нé убеди дека државата се движи напред“, истакна Шукова. Таа информираше дека во однос на последниот квартал од 2024 година, странските директни инвестиции се намалиле за 261,7 милиони евра – од 397,5 на 135,8 милиони евра. Во споредба со истиот квартал минатата година, падот изнесува 191,4 милиони евра.
„Ова е најниско ниво на странски директни инвестиции од времето на ковид пандемијата во 2020 година. Денес нема глобална криза, но има економски колапс – создаден од неспособната влада на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Шукова.
Потпретседателката на СДСМ посочи дека лани странските директни инвестиции достигнале 1,25 милијарда евра, благодарение на политиките на претходната влада на СДСМ, која создала стабилна деловна клима и доверба кај инвеститорите.
„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за една година успеаја да ја уништат таа стабилна клима. Денес имаме влада без капацитет, со нестабилна економска политика, замрзната европска агенда, партиски популизам и нефункционална дипломатија“, посочи Шукова.
Таа додаде дека странските инвеститори сè повеќе го губат интересот за вложувања во Македонија, што е директен резултат на, како што рече, штетните политики и хаосот создадени од владата на ВМРО-ДПМНЕ.