16 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје, Каја Шукова, остро реагира на неодамнешната изјава на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, дека „Ромите од Вардариште со сила треба да се иселат“. Според Шукова, ваквиот став ја открива вистинската природа на актуелната власт.
„Со кое право Ангелов кажува дека Ромите кои живеат во Вардариште требало ‘на сила да бидат иселени’? Ова е врв на нечовечноста, но и злоупотреба на луѓе од најниските слоеви за да се оправда нивната неспособност да направат нешто за да се спречат пожарите“, изјави Шукова.
Таа нагласи дека ваквите ставови претставуваат директна дискриминација и напад врз цела заедница, наместо барање вистинско решение за проблемот.
Во својата реакција, Шукова посочи и на неспособноста на Ангелов и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да ги спречат пожарите, да ги идентификуваат виновниците или да понудат хумано решение за засегнатите граѓани.
„Откако целата Влада излезе со различни ставови за тоа кој пали и кои се причините, откако сами себе се демантираат веќе цели два дена, сега конечно најдоа начин да се бранат со оцрнување и етикетирање“, рече таа.
Шукова ја обвини власта за ширење ароганција и гнев поради сопствената неспособност, истакнувајќи дека локалните институции се должни да најдат соодветно решение за проблемот.
„Граѓаните на Скопје треба да знаат дека локалните институции имаат задача да најдат решение за проблемот, а ВМРО-ДПМНЕ цели четири години не најде решение, ниту воопшто работеше на тоа. Фатени во криза од својата неспособност, не им останува друго освен да измислуваат странски центри и да напаѓаат луѓе на кои и онака животот им е многу тежок“, нагласи Шукова.
Бугарија – успешна приказна за економска интеграција и раст во Европската унија
Се проверува одговорноста за дозволата за складиште за отпад во Трубарево
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден