25 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Во судскиот процес за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој животот го загубија 63 лица, адвокатот Петре Шилегов, еден од бранителите на обвинетите, остро ја критикуваше работата на Обвинителството. Тој предупреди дека пропустите во постапката може сериозно да ја нарушат правдата и да влијаат врз исходот на целиот предмет.
Според Шилегов, потребно е судот јасно да се произнесе по приговорите на одбраната, бидејќи, како што рече, станува збор за суштински, а не за формални прашања.
„Ова е прашање дали во текот на процесот ќе бидат испочитувани принципите на фер судење. Во спротивно, целиот предмет може да биде урнат на апелација,“ изјави тој.
Шилегов потсети дека одбраната и на претходното рочиште укажувала на истите недостатоци, но Обвинителството повторно постапило, како што рече, несерозно и негрижливо.
„Ова е несерозно однесување пред судот, несерозно кон семејствата на жртвите, несерозно кон одбраната и обвинетите,“ нагласи адвокатот.
Тој додаде дека ваквото постапување го нарушува основниот цели на процесот – да се утврди вината на обвинетите, но и да се ослободат сите кои неправедно се товарени.
„На овој начин, Обвинителството не остава простор правдата навистина да се реализира,“ порача Шилегов.
Со ваквиот став, адвокатот уште еднаш апелира за фер и непристрасна постапка, истакнувајќи дека е неопходно да се почитуваат правата и на обвинетите и на семејствата на жртвите, за конечно да се обезбеди правична завршница на трагичниот случај.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

