13 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Министерството за внатрешни работи информира дека шест лица се приведени по фудбалскиот натпревар меѓу ФК „Силекс“ од Кратово и ФК „Шкупи“ од Скопје, одигран на стадионот во Кратово, поради недолично однесување и извици со расистичка и навредлива содржина упатени кон Албанците.
Според соопштението на МВР, за време и по завршувањето на натпреварот, полициските службеници од Одделението за внатрешни работи Кратово утврдиле прекршувања на Законот за спречување насилство и недолично однесување на спортски натпревари.
Приведени се лицата С.Ч. (31), С.Д. (28), Д.И. (29), М.Т. (28), С.П. (27) и Т.К. (45), сите од Кратово. Тие се сомничат дека упатувале навредливи и албанофобични пароли, поттикнувајќи етничка омраза за време на натпреварот.
Од МВР соопштуваат дека по целосно документирање на случајот, против осомничените ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Инцидентот предизвика реакции во јавноста, повторно отворајќи ја дебатата за потребата од построги мерки против говорот на омраза и расизмот во спортот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

