МАКЕДОНИЈА

Шестата Парада на гордоста во Скопје ќе се одржи на 21 јуни под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“

15 јуни 2025

• од Станча Јаќимовски

Шестата по ред Парада на гордоста – „Скопје Прајд“ – ќе се одржи на 21 јуни во главниот град, под слоганот „Ќе (оп)стоиме заедно!“. Оваа година, настанот носи силна порака на отпор, солидарност и заедништво во време на политички, општествени и институционални предизвици со кои се соочува ЛГБТИ+ заедницата во земјата.

Организаторите најавуваат протестен марш низ центарот на Скопје како симболична реакција на дискриминацијата, насилството и говорот на омраза. Настанот ќе започне во 18 часот во Паркот „Жена борец“, а маршот ќе тргне во 19 часот од Собранието, со застанувања пред Министерството за образование и наука и пред Владата.

„Овој слоган не е случаен – тој го носи нашето искуство на преживување, но и нашата одлучност, не само да опстоиме, туку да опстоиме заедно,“ изјави Лила Милиќ, активистка за правата на трансродовите лица. Таа истакна дека во време на институционално молчење и глобални неправди, парадата е израз на радикална грижа и отпор.

Годинашниот настан ќе биде без забавна програма, како што посочи активистот Стефан Петровски. „Одлучивме дека нема што да славиме. Ова не е фестивал, туку протест. Нашиот глас мора да се слушне, а нашето присуство мора да се види,“ рече тој, нагласувајќи дека фокусот е на реалните предизвици, а не на спектакл.

Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска, предупреди дека маргинализираните заедници се сè повеќе исклучени од општествените процеси. „Светот, за жал, ги уназадува човековите права. Тоа се одразува и кај нас – имаме многу за што да протестираме,“ истакна таа.

Парадата на гордоста во Скопје се одржува од 2019 година, со цел да ја промовира видливоста, правата и достоинството на ЛГБТИ+ заедницата, како и да поттикне поширока општествена поддршка, еднаквост и инклузивност. Оваа година, повеќе од кога било, пораката е јасна: заедно сме посилни.

Последни вести
ВЕСТИМАК.MK

Независен медиум кој објавува проверени и навремени вести од Северна Македонија и светот, со фокус на објективно информирање.

Следи нè!

Следете нè на социјалните мрежи и помогнете во поддршката на независното новинарство. Вашата поддршка значи многу!

© 2025. Сите права запазени