21 март 2026
• од Станча Јаќимовски
Во текот на изминатите 24 часа, полицијата регистрирала вкупно седум случаи на семејно насилство, при што шест лица се лишени од слобода поради физички напади врз членови на нивните семејства.
На 20 март 2026 година во 23:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Н.Д. (44) од Куманово, поради физички напад врз неговата 32-годишна сопруга. Осомничениот е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Истата вечер, во село во општина Валандово, полицијата од СВР Струмица – ОВР Валандово привела 29-годишен маж, кој, според пријава, физички ја нападнал својата 26-годишна сопруга во семејниот дом. За случајот е известен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија.
Во Струмица, исто така на 20 март, бил лишен од слобода Р.П. (52), кој ја нападнал својата 46-годишна сопруга. Тој е задржан во полициска станица, а за настанот е известено надлежното обвинителство.
На 21 март во 00:55 часот, полицијата од СВР Скопје го привела М.Б. (33), откако неговата сопруга пријавила дека во семејниот дом физички ја нападнал неа и нивното малолетно дете.
Во друг случај во Скопје, во 02:00 часот, приведен е К.А. (27), по пријава од неговиот 68-годишен татко дека, по претходна расправија, со тврд предмет го оштетил неговото возило и го скршил предното стакло.
Дополнително, 61-годишен скопјанец пријавил дека бил физички нападнат од својот 26-годишен син во семејниот дом. По расчистување на случајот ќе следува соодветна пријава.
Во Виница, пак, на 20 март во 16:52 часот, полицијата го лишила од слобода Х.А. (35), кој физички ја нападнал сопругата во дворот на семејната куќа. При алкотестирање било утврдено дека бил под дејство на алкохол, со 2,02 промили во крвта.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по целосно документирање на сите случаи ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Државниот врв со честитки за Фитр Бајрам: пораки за мир, солидарност и соживот
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

