13 јули 2025
• од Станча Јаќимовски
Заменик-генералниот секретар на НАТО и поранешна министерка за одбрана на Северна Македонија, Радмила Шекеринска, во саботата од Дубровник упати јасна порака – зголемувањето на инвестициите во одбраната е најдобрата стратегија за одвраќање од можни агресии, со посебен акцент на руската закана.
Настапувајќи на панел-дискусијата „Зајакнување на европските одбранбени капацитети: Предизвици и можности“ во рамките на Форумот во Дубровник, Шекеринска истакна дека НАТО не гради воена надмоќ заради агресија, туку заради превенција.
„Целта на НАТО е да биде посилна, пофер и посмртоносна – не затоа што сакаме војна, туку затоа што сакаме да одвратиме каква било потенцијална закана“, изјави таа.
Шекеринска предупреди дека Русија и понатаму претставува „јасна и непосредна опасност“ за евроатлантската безбедност, а инвазијата на Украина во 2022 година – како и анексијата на Крим во 2014 – претставуваат силни докази за руските империјални апетити.
„Не смееме да бидеме наивни, не смееме да се опуштиме. Знаеме какви апетити има Русија“, нагласи Шекеринска.
Иако тероризмот останува присутна закана, според неа, во моментов Русија е најсериозниот предизвик за НАТО.
На самитот на НАТО во Хаг на крајот на јуни, членките се согласија до 2035 година да ги зголемат трошоците за одбрана на 5% од БДП. Шекеринска оваа одлука ја оцени како „многу важна и историски невидена“, додавајќи дека потребна е итна имплементација.
Посебен фокус, според неа, треба да се стави на развојот на домашната одбранбена индустрија и континуираната поддршка за Украина.
„Ако сакаме да покажеме единство и солидарност, сите мора да ги исполниме нашите обврски“, потенцираше таа.
Шекеринска истакна дека целите на НАТО за зголемување на трошоците се веќе детално договорени и ќе се следи нивното исполнување. Таа го нагласи и принципот на „фер распределба на товарот“ – концепт што, како што потсети, потекнува уште од времето на претседателите Ајзенхауер и Кенеди.
Во однос на ЕУ, таа ја оцени соработката во областа на одбраната како клучна и корисна. Спомна и планот на Унијата за мобилизација на 800 милијарди евра до 2030 година за зајакнување на своите одбранбени капацитети.
Дополнително, Шекеринска ја нагласи важноста на соработката во области како што се сајбер-безбедноста, заштитата на подморската инфраструктура и напредокот во технолошкиот развој на воената индустрија.
Во заклучокот, Шекеринска беше децидна дека НАТО ќе остане основата на безбедносната архитектура на Европа и дека соочувањето со современите предизвици бара цврсто единство, координација и долгорочни инвестиции.
„НАТО ќе остане камен-темелник на нашата колективна одбрана“, заклучи таа.
Бугарин со историја на Вимблдон: Иван Иванов нов јуниорски шампион без загубен сет!
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден