21 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Двете поранешни министерки од првиот владин состав на поранешниот премиер Зоран Заев – Радмила Шекеринска и Рената Дескоска – повторно се сретнаа, овојпат на неформална кафе-дружба.
Шекеринска, која во периодот на владата на Заев ја извршуваше функцијата министерка за одбрана, во меѓувреме беше избрана за заменик генерален секретар на НАТО, една од највисоките меѓународни позиции што досега ги добил македонски политичар.
Од друга страна, Дескоска, поранешна министерка за правда, пред една недела беше избрана за потпретседателка на Венецијанска комисија при Совет на Европа, тело кое има клучна улога во унапредувањето на демократијата и владеењето на правото во Европа.
Фотографијата од нивната средба Дескоска ја сподели на социјалните мрежи со краткиот опис: „Кафе во убаво друштво…“, што предизвика бројни позитивни реакции во јавноста.
Средбата симболично ја отсликува нивната професионална поврзаност и успешниот меѓународен ангажман по завршувањето на министерските функции во земјава.
Ѓорѓиевски најавува албански изведувач за новогодишната прослава во Скопје
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

