15 октомври 2025
• од Станча Јаќимовски
Во јавноста излегоа аудио снимки за кои се тврди дека прикажуваат вознемирувачко однесување на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кон вработените во општината. Според содржината на снимките, Дехари наводно сексуално ги малтретирал своите колешки, а нивниот однос кон него бил понижувачки и недостоен за институција што треба да им служи на граѓаните.
На денешна прес-конференција пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова, остро го осуди однесувањето на градоначалникот и побара негова итна оставка. Таа истакна дека ваквите постапки не се само навреда кон жените во Општина Кичево, туку кон сите жени во Македонија, без оглед на нивната етничка припадност.
„Ова е срам за целиот наш мултиетнички мозаик, за секое семејство што воспитува ќерки со труд, почит и достоинство. Ваквото однесување не е дел од ниту една култура, вера или традиција,“ рече Ангелова, нагласувајќи дека аудио снимките откриваат сцени во кои жените биле принудени да го бакнуваат градоначалникот и дури да му седнуваат во скут.
Ангелова оцени дека ваквото однесување претставува „скандал и изживување врз цел еден колектив и врз сите жени“, прашувајќи ја ДУИ дали ова е пораката што партијата сака да ја испрати кон граѓанките.
„Зарем до тој степен е падната ДУИ, да за вакви луѓе води кампања за повторен мандат? Каде се традицијата и почитта кон жената?“ – запраша таа.
Пратеничката порача дека Кичево и кичевчани не заслужуваат ваков однос од локалната власт и дека ниту една жена не смее да биде понижувана на работното место.
„Дехари мора да си поднесе неотповиклива оставка и да се повлече од политиката,“ порача Ангелова, додавајќи дека случајот не смее да биде премолчен и дека институциите мора да реагираат.
Филипче: Оваа влада не ги решава проблемите на граѓаните, туку ги игнорира
Скршена од болка: Сопругата на Панчо од „ДНК“ се прости со емотивна порака
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден