31 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Рангирањето на GFP се заснова на повеќе од 60 критериуми, вклучувајќи го бројот на војници, количината и квалитетот на копненото, воздушното и поморското вооружување, буџетот за одбрана, логистичките капацитети, финансиската стабилност и географската позиција. Според овие показатели, Северна Македонија има индекс на воена моќ од 2.4956, што укажува на сериозно ограничени одбранбени капацитети.
Во споредба со другите земји од регионот, состојбата е уште поизразена. Речиси сите соседни држави се значително подобро рангирани. Грција се наоѓа на 30. место во светот и важи за регионална воена сила, додека Бугарија (62. место), Србија (63. место), Хрватска (73. место) и Албанија (77. место) имаат далеку посилни армии. Зад Северна Македонија во регионот се само Црна Гора, која е на 128. место, и Косово на 138. позиција.
Овие податоци ја потврдуваат долгогодишната оценка дека македонската армија се соочува со недоволни инвестиции, ограничена техника и мал број на воен персонал. Иако земјата е членка на НАТО, што обезбедува колективна безбедност, индивидуалните воени капацитети остануваат меѓу најслабите во Европа.
Извештајот на GFP уште еднаш го отвора прашањето за состојбата на одбранбениот систем и потребата од сериозни реформи и поголеми вложувања, доколку државата сака да ја подобри својата позиција и реалните одбранбени способности во иднина.Северна Македонија е меѓу земјите со најслаба воена моќ на глобално ниво, покажуваат најновите податоци од меѓународната платформа Global Firepower (GFP), која ја објави годишната ранг-листа за 2026 година. Во анализата се опфатени вкупно 145 држави, а земјата се најде на 114. место, што ја вбројува меѓу најслабо вооружените армии во светот.
Не Бугарија, не Брисел – туку Мицкоски: вистинската причина за застојот кон ЕУ
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

