01 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Северна Македонија во најновото издание на Глобалниот индекс за мир за 2025 година, објавен од Институтот за економија и мир (IEP), се најде на 51-то место од вкупно 163 држави и територии. Ова претставува пад за четири позиции во однос на минатогодишното рангирање, кога земјата беше на 47-то место.
Индексот ја мери состојбата според повеќе критериуми – општествена безбедност, степен на внатрешни и меѓународни конфликти, како и степен на милитаризација.
Падот на Северна Македонија сигнализира влошување на состојбата со безбедноста и стабилноста во земјата. Негативниот тренд укажува на тоа дека, наместо да се подобрува позицијата, државата заостанува зад соседните и европските земји.
Ова е уште еден аларм дека недостатокот на ефективни политики за сигурност и мир, како и зголемените тензии на повеќе нивоа, ја намалуваат меѓународната доверба во земјата.
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Македонија останува без деца: За една деценија исчезнаа 27 илјади ученици
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден