24 ноември 2025
• од Станча Јаќимовски
Новата европска сеизмичка карта, која деновиве се шири на социјалните мрежи, повторно ја потврдува ранливоста на Балканот, при што Македонија се наоѓа во категоријата со највисок ризик од земјотреси.
Според прикажаната карта, Европа е поделена во три ризични зони:
Целиот Балкански Полуостров, вклучително и Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора, Албанија и Грција, е означен како најкритично подрачје и се наоѓа во црвената категорија. Истата зона ги опфаќа и западните делови на Турција, пренесува TS.
Од друга страна, Ирска, Велика Британија, Скандинавија, балтичките земји и Полска се сметаат за речиси целосно безбедни региони. Шпанија, Португалија, Франција, Австрија и Унгарија влегуваат во портокаловата зона, додека Италија е претставена речиси целосно во црвено, што ја позиционира меѓу најизложените земји на тектонски активности.
Авторите на картата напоменуваат дека дел од податоците можат да имаат ограничувања, бидејќи старите или неактивни раседи не секогаш се прикажуваат со целосна прецизност. Сепак, оваа визуелизација уште еднаш ја отвора темата за потребата од сериозен пристап кон сеизмичката безбедност, како и за зајакнување на градежните и заштитните стандарди во Македонија и регионот.
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

