03 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Семејството на трагично загинатата Теодора од Тетово остро реагираше по денешната судска пресуда, според која лицето кое ја нападна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, доби идентична казна како и возачот Менсур Пајазити – две години затвор.
Ева Ристовска, сестра на младата Теодора која беше смртно прегазена на пешачки премин во Тетово, преку социјалните мрежи ја изрази својата огорченост:
„Како може тепање и убиство да имаат иста казна – две години затвор? Каде е правдата? Судство, правда или корупција – срам да ви е! Со вакви судии немаме ни суд, ни правда“, напиша таа.
Теодора трагично го загуби животот кога беше прегазена од автомобил на пешачки премин. Возачот Менсур Пајазити беше осуден на две години затвор – одлука што семејството ја смета за понижувачка и неправедна.
Ристовска и нејзините блиски подолго време апелираат дека правдата за Теодора е недостижна и дека ниските казни кои се изрекуваат во вакви случаи не ја одразуваат тежината на изгубениот човечки живот. За нив, идентичната пресуда за напад и за смртно дело само ја потврдува недовербата во судскиот систем и отвора прашања за еднаквоста и праведноста на казнената политика.
Македонската младина сака европска иднина: 69% поддржуваат членство во ЕУ
Две години затвор за Љамалари поради напад врз градоначалничката Арсовска
Голем успех за бугарските ученици на Меѓународната олимпијада по англиски јазик
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден