03 јануари 2026
• од Станча Јаќимовски
Семејството Аслани, чиј двегодишен син трагично го загуби животот по повредување од заскитан куршум за време на новогодишната ноќ, јавно изнесе сериозни обвинувања за полициска бруталност. Детето почина во Клиничкиот центар, откако метален фрагмент завршил во неговата глава.
Во повеќе видео-материјали емитувани во живо денеска, членови на семејството тврдат дека биле физички малтретирани од страна на полицијата за време на интервенцијата. Во едно од видеата, тие покажуваат модрици и повреди за кои велат дека се резултат на полициски удари.
Таткото на починатото дете во јавноста изјави дека бил испрашуван од полицијата под сомнение дека можеби тој му наштетил на сопствениот син, што, како што вели, дополнително ја зголемило траумата на семејството во веќе тешката ситуација.
Според тврдењата на семејството, полициската интервенција вклучувала апсење не само на возрасни лица, туку и на деца кои се наоѓале на местото на настанот. Тие бараат целосно расветлување на случајот и одговорност за, како што велат, прекумерната употреба на сила.
Од редакцијата на „Слободен печат“ информираат дека се обиделе да добијат официјален став од Министерството за внатрешни работи во врска со овие обвинувања, но до моментот на објавување на текстот не добиле одговор.
Случајот предизвика силни реакции во јавноста, а семејството апелира институциите транспарентно да ја утврдат вистината за трагедијата и постапувањето на полицијата.
Поднесено обвинение за злоупотреби и измами при јавни набавки во РЕК Битола
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

