TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА

Семејствата на 63-те жртви од „Пулс“ бараат правда, а не сожалување

29 декември 2025

• од Станча Јаќимовски

Со потресни сведочења на мајки кои ги загубија своите деца, денеска во судницата во Идризово при Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, трагедија во која на 16 март животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Со солзи, длабоки воздишки и лелеци, семејствата на загинатите ги слушаа исказите исполнети со болка и тага. Мајките, со скршен глас, порачаа дека по таа ноќ животот неповратно им се променил и дека не бараат сожалување, туку признавање на вината и одговорност.

„Не барам сожалување, барам да ја признаете вината. Нашите деца не починаа од природна смрт. Тие беа убиени и задушени. Болката што ја носиме секој ден е тешка, а нашите деца никогаш нема да се вратат дома“, изјави низ солзи една од мајките.

Мајката на 16-годишната Драгана, која го загуби животот во пожарот, пред Судот сведочеше дека не дошла затоа што е силна, туку затоа што ѝ ветила на својата ќерка дека ќе ја каже вистината за сè што видела таа вечер. Таа раскажа дека лично ја однела ќерка си до дискотеката, каде отишла на концерт на групата „ДНК“, чија музика ја сакала.

На истиот концерт бил и нејзиниот малолетен син, заедно со другари на возраст од 13 и 14 години. Според сведочењето, полицијата при рација ги избркала малолетниците, но подоцна, околу 2 часот по полноќ, момчето ѝ се јавило загрижено поради големата гужва. Родителите веднаш се упатиле кон дискотеката, каде веќе гледале деца како бараат помош.

„Сега сите велат дека помагале. Да беше така, немаше да има ниту една жртва. Помагаа само оние што денес веќе не се живи. Немаше простор да влезеш и да излезеш жив. Моето дете никаде го немаше“, рече мајката.

Сведочеше и Габриела, мајка на починатата Надица, која раскажа дека иако нејзината ќерка не требало да излегува таа вечер, ја молела да оди за да ја види својата симпатија. Таа посочи дека „Пулс“ била единствената дискотека што работела во зимскиот период во Кочани и дека таму со години излегувале голем број граѓани, меѓу кои и инспектори, полицајци и локални функционери.

„Сè додека не се случи трагедијата, никој не се сомневаше дека дискотеката работи нелегално. Кога гледаш дека таму одат сите – од обични граѓани до градоначалници – веруваш дека е безбедно“, изјави сведокот.

Таа во исказот наведе дека третообвинетиот Михајло, во нејзино присуство, разговарал со инспекторка за можни контроли, што тој подоцна го негираше пред Судот. Овие тврдења, како и прашањата од дел од адвокатите на обвинетите, предизвикаа бурни реакции од семејствата на загинатите, поради што Судот мораше да интервенира и да ги предупреди присутните.

Претходно сведочеше и мајката на 24-годишниот Андреј, кој загинал додека работел како помошен келнер во дискотеката таа кобна ноќ. Таа раскажа дека семејството некогаш живеело скромно, но нормално, а денес само преживува. Во пожарот го загубила постариот син, додека помладиот, Кристијан, сè уште се обвинува што не успеал да го спаси братот.

„Животот ми е поделен на пред и по 16 март. Секое утро се соочувам со празнината и загубата. Се прашувам зошто токму моето дете не можеше да се спаси“, рече таа низ солзи.

Судењето продолжува на 14 јануари, кога се повикани пет нови сведоци. На претходното рочиште започна доказната постапка со сведоци предложени од Обвинителството. Сите обвинети изјавија дека не се чувствуваат виновни за трагедијата, иако дел од нив изразија сочувство кон семејствата на жртвите.

Обвинителот Борче Јанев во воведното излагање истакна дека судењето не е само за утврдување индивидуална, туку и институционална одговорност. Според него, трагедијата во „Пулс“ не е резултат само на пиротехниката, туку на долгогодишни системски пропусти, институционален молк и недостиг на контрола, што ја претвориле дискотеката во „смртоносна стапица“.

Пожарот избувна на 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“, во објект кој работел без минимално-технички услови, со над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, и без соодветна противпожарна заштита.

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
Последни вести
МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Поскапуваат горивата од полноќ - 29.12.2025 година

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

11 години затвор за Фатон Љури кој смртно го прегази Југослав Николовски и избега

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Трендафилов: Срамно е Владата да се фали со покачување на минималната плата од 1.500 денари

СВЕТ
29 декември 2025

Бугарија со нова финансиска поддршка: 1,47 милијарди евра од ЕУ

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Најден мобилен телефон во ќелијата на сопственикот на „Пулс“

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
29 декември 2025

Бугарија и Албанија разговараа за зајакнување на одбраната на источниот крилo на НАТО

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Апасиев: Судиите мора да одговараат за незаконска примена на правото

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Професорот Трајковски алармира: РЕК Битола работи со катастрофално ниска ефикасност

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Слободан Трендафилов: Минималната плата од 500 евра е застарена, потребна е дебата за 600–700 евра

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

СДСМ: Таблоидните напади на ВМРО се обид за дефокус од вистинските проблеми

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
СВЕТ
29 декември 2025

Јотова: Црквата „Свети Стефан“ во Истанбул е симбол на бугарското национално единство

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Меџити: Албанскиот јазик во Македонија треба да има ист статус како српскиот во Косово

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Илјадници Македонци револтирани: Државата бара милионски даноци од работници во воени жаришта

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Костовски: Советниците на ДУИ и ВЛЕН ги блокираат капиталните и социјалните проекти во Бутел

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Лога: Лидерството на ВЛЕН помеѓу југословенскиот и босанскиот модел

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Билал Касами му честиташе на Албин Курти за изборната победа во Косово

МАКЕДОНИЈА
29 декември 2025

Љубчо Георгиевски: Србија ја узурпира Македонија, а ние зборуваме за „бугаризација“

МАКЕДОНИЈА
28 декември 2025

ДУИ: Нечовечки и дискриминаторски третман на 76 албански вработени во Министерството за меѓуетнички односи

МАКЕДОНИЈА
28 декември 2025

Родителите од Кочани на уште еден протестен марш – Првата Нова година ќе дојде без нивните чеда

МАКЕДОНИЈА
28 декември 2025

Трипати повеќе гости од дозволеното – само 100 евра казна за локалот во и каде настапуваше Аца Лукас

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
28 декември 2025

Мерки на претпазливост наместо домашен притвор за инспекторите осомничени за соработка со „Пулс“

МАКЕДОНИЈА
28 декември 2025

Македонската метална индустрија пред најголем предизвик досега

СВЕТ
28 декември 2025

Бугарскиот брод „Св. св. Кирил и Методиј“ пристигна пред бугарската база на Антарктикот

ДРУГО
28 декември 2025

Денеска се празнува споменот на светиот Пророк Агеј

МАКЕДОНИЈА
27 декември 2025

СДСМ обвинува за координиран напад од ВМРО-ДПМНЕ: Целта е замолчување на објавите за корупција

TEMU

Реклама
ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии
4.8 (10276)
54 ден
-73%
206 денЗаштедете 152.00 ден
Купи сега
МАКЕДОНИЈА
27 декември 2025

Драги Каров: Во Македонија јавното изјаснување како Бугарин носи тепања

МАКЕДОНИЈА
27 декември 2025

Филипче: 2026 година ќе биде уште потешка – следи сериозна криза и пораст на сиромаштијата

СВЕТ
27 декември 2025

22 години од атентатот во Кербала: Почит кон загинатите бугарски војници

TEMU

Реклама

Ненадминливи Понуди Дневно

ad
#1 Најпродаван артикл
Сет од 5 парчиња заштитник на кабли, прекривка за заштита на кабли од ТПУ, додатоци за заштита на кабли, без батерија, за мобилни телефони, комплет за заштита на податочни линии

4.8 (10276 рецензии)


54 ден

206 ден
73% ПОПУСТ

Заштедете 152.00 ден

Купи сега