15 февруари 2026
• од Станча Јаќимовски
Во најновото издание на подкастот „Коридор 8“, Насер Селамни упати остри пораки во однос на евроинтегративниот процес на земјата, оценувајќи дека Македонија се наоѓа пред јасна и суштинска раскрсница.
Според него, државата нема „трета опција“ во однос на својата иднина. Како што истакна Селамни, изборот е бинарен: или ќе продолжи патот кон Европската унија, или ќе остане заглавена во статус-кво состојба што, според неговата оценка, значи приближување кон концептот на „српски свет“.
„Јас друга опција освен српски свет за Македонија не гледам, пошто нема таква трета опција“, изјави Селамни во подкастот, потенцирајќи дека земјата мора да одлучи дали ќе ги отвори преговорите за членство во Европската унија и ќе го продолжи процесот на евроинтеграција.
Тој нагласи дека отворањето на преговорите не е само формален чекор, туку процес што подразбира суштински реформи и системски промени во Република Северна Македонија. „Тоа практично ќе значи суштинска промена на системот во Република Северна Македонија“, посочи Селамни.
Алтернативата, според него, е останување во сегашната состојба, која ја опиша како „играње или кокетирање со српски свет“. Ваквиот пристап, како што рече, ниту ќе ја подобри позицијата на државата, ниту ќе ѝ донесе нешто позитивно.
Со оваа изјава, Селамни директно ја отвора дилемата за стратешката ориентација на земјата, ставајќи акцент на потребата од јасна политичка волја и одговорност во однос на европскиот пат.
Подкастот „Коридор 8“ во ова издание се фокусираше токму на актуелните политички процеси и перспективите на Северна Македонија во контекст на регионалните и европските интеграции.
Еден од само 50 Maserati Grecale Tributo Il Bruciato е во сопственост на Бугарка
Бугарското собрание го ратификуваше Договорот за железничкиот тунел на Коридор 8
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

