20 декември 2025
• од Станча Јаќимовски
Секој десетти адолесцент во Македонија во одреден период од животот користел седативи како дијазепам или лексилиум, покажуваат најновите податоци од европското истражување за употребата на алкохол и други психоактивни супстанции меѓу учениците – ESPAD 2024, кое беше презентирано од Институт за јавно здравје.
Според резултатите, употреба на седативи со лекарски рецепт во еден момент од животот пријавиле 9,9 проценти од момчињата и 12,2 проценти од девојчињата, што вкупно изнесува околу 11 проценти од анкетираните адолесценти. Станува збор за лекови како дијазепам, лексилиум, валиум и хелекс, кои согласно прописите не треба да се издаваат без соодветен медицински рецепт.
Истражувањето покажува и дека дел од младите доаѓаат до седативи и без рецепт. Таква употреба пријавиле 5,7 проценти од момчињата и 7,5 проценти од девојчињата, односно вкупно 6,6 проценти од адолесцентите. Овие податоци отвораат прашања за контролата при издавање лекови и за информираноста на младите за ризиците од несоодветна употреба.
Покрај седативите, анализирана е и употребата на канабис меѓу адолесцентите. Според податоците, 5,5 проценти од анкетираните изјавиле дека користеле канабис барем еднаш во животот. Во последната година канабис користеле 4,3 проценти, додека 2,6 проценти пријавиле употреба во последниот месец.
Податоците покажуваат дека употребата на канабис е почеста кај момчињата отколку кај девојчињата, без разлика дали станува збор за употреба во текот на животот, во последната година или во последниот месец.
Надлежните институции предупредуваат дека овие резултати укажуваат на потребата од посилни превентивни програми, континуирана едукација на младите и нивните родители, како и построга контрола при издавање лекови, со цел заштита на здравјето и благосостојбата на адолесцентите.
Ѓорѓиевски најавува албански изведувач за новогодишната прослава во Скопје
Бујар Дардишта уапсен при обид за бегство на граничниот премин Долно Блаце
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден

