македонија30 октомври 2024 Седница на Уставен суд, на дневен ред седум иницијативи
Уставниот суд денеска треба да ја одржи 28. седница. На дневен ред, како што е најавено, се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободите и правата и четири предлози за одлучување со нацрт-одлуки.
Барањето за заштита на слободите и правата се однесува за оспорени дејствија на Министерство за внатрешни работи.
Според наводите во барањето, поднесено од Глигорие Ќатоски, со дејствијата на МВР, конкретно со издавање на неговиот пасош и лична карта со старото име на државата, иако „Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, подносителот на барањето тврди дека му е загрозено уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и да се врати во неа.