15 септември 2025
• од Станча Јаќимовски
Основното јавно обвинителство потврди дека се испитува потенцијалната одговорност и на други лица во врска со големиот пожар што избувна во складиштето за отпад во Трубарево, лоцирано во среде населено место.
Дозволата за работење на складиштето ја издава Министерството за животна средина, а документацијата поврзана со компанијата се наоѓа во просториите на институцијата.
„Се испитува потенцијална одговорност и на други лица. Во врска со документацијата и дозволите, издадени се повеќе наредби по кои МВР сè уште постапува“, соопштија од Обвинителството.
Познато е дека компанијата имала 10-годишна дозвола издадена во 2021 година, во времето кога министер за животна средина беше Насер Нуредини од ДУИ. Складиштето продолжило да работи и во мандатите на неговите наследници – Каја Шукова и Изет Меџити.
Засега останува нејасно дали надлежните институции вршеле редовни контроли за почитување на условите предвидени со дозволата.
На прашањето дали се испитува колкава количина отпад се чувала во магацинот на фирмата „Ф-групација“, од Обвинителството одговорија дека „се преземаат дејствија за проверки“.
Со тоа останува отворено прашањето дали складиштето поседувало отпад во рамките на дозволените параметри и дали институциите навремено и соодветно го следеле неговото работење
Четворица повредени во пожарот во Трубарево – двајца на болничко лекување
Ненадминливи Понуди Дневно
4.8 (10276 рецензии)
Заштедете 152.00 ден