македонија08 октомври 2024 Се очекува извештајот од вонредниот надзор по смртта на 14-месечното бебе
Во текот на денот се очекува Државниот санитарен и здравствен инспекторат да го објави извештајот од извршениот вонреден надзор на Клиниката за детски болести, каде во неделата почина 14-месечното бебе.
Направен е увид целокупната документација и земени се изјави од сите лекари инволвирани во лекувањето на детето.
Случајот продолжува да до расветлува стручната комисија од Министерството за здравство. Тие треба да дадат одговор дали детето ги добило потребните здравствени прегледи и дали лекарите при третманот постапиле согласно протоколите. Комисијата има законски рок од осум работни дена да го изготви извештајот.
Министерот за здравство Таравари потврди дека детето претходно неколку пати било одбиено за хоспитализација и доколку се докаже вина, некој ќе мора да сноси одговорност.
14-месечното бебе почина неполн час по приемот на Детска клиника, каде било донесено во многу тешка состојба, со отежнато дишење и ниска сатурација. Причина за смртта е тешка респираторна инфекција.